тел: +389 (0)33 278 040 тел/факс: +389 (0)33 274 202 е-mail: hotelgratce@mt.net.mk  
Насловна
За хотелот
• Капацитет
Локација
Цени
• Резервација
     
 

Добредојдовте на web страницата на
Хотел Градче


Во 1953 година, над Кочани, на местото каде што се поврзуваат Голeма и Мала Река, направена е брана при што е потопено селото Градче. На негово место денес се наоѓа вештачката акумулација Градче, која се полни од двете реки. Мотелот Градче е изграден во периодот 1976-1979 и е пуштен во употреба на Нова Година 1980-та.



Мотелот денес прерасна во современ хотел, сместен на самиот брег на езерото, во подножјето на Осогово.

Падините на Осоговските планини се идеални за активностите на планинарските друштва, но и за оние кои рекреативно се занимаваат со планинарење или велосипедизам.

Хотел Градче обезбедува соодветно место за опремата на гостите и помош околу изборот на терени за возење и пешачење.

Во зимскиот период, има организиран превоз до зимско-рекреативниот центар „Пониква“ и ловниот резерват на планината Осогово.

Атрактивниот ловен резерват Осогово, кој е на само 20 километри oддалеченост од хотелот, е богат со трофеен дивеч.